Еквадор барал од САД да не биле егзекутиран Асанж


САД требало да дадат ветувања на Еквадор дека основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да се соочи со смртна казна ако им биде предаден, објави Еј-Би-Си, повикувајќи се на извори запознати со тоа прашање.

Во извештајот на медиумот се нагласува дека Еквадор го започнал процесот на протерување на Асанж од Амбасадата во Лондон во март минатата година, откако станало јасно дека неговото присуство е финансиски и логистички товар.

Јужноамериканската држава посочила дека потрошила 10 милиони долари за Асанж од неговото пристигнување во Амбасадата и била принудена да ангажира дополнителни канцеларии за дипломатскиот персонал, бидејќи Австралиецот заземал значително место.

Сепак, Еквадор одбил да го предаде Асанж, доколку Американците не дадат гаранции дека тој нема да се соочи со смртната казна.

Ниту Стејт департментот, ниту Министерството за правда на САД не ја коментираа информацијата на медиумот.