Екссопругот на Белучи доби трета ќерка


Франција– Бившиот сопруг на Моника Белучи стана татко на трета ќерка. Неговата 30 години помлада сопруга му роди девојче и среќните родители веста ја споделија на социјалните мрежи.

Актерот Винсет Касел (52) и Тина Кунајки (22) станаа родители на малата Амазон. Само неколку дена порано, манекенката позираше бремена за списанието „Фото“.

Двојката се венча лани во агуст, на приватна церемонија во Париз. Заедно се од 2016 година. Живеат во Рио де Жанеиро, Бразил.

По 14 години брак, Касел се разведе од актерката Белучи во 2013 година. Имаат две ќерки-Дев (14) и Леони (8).