Експресен пат од Радовиш преку Струмица до Бугарија: Почна подготовката на документацијата
Mинистерot за транспорт Александар Николоски денеска беше во работна посета на Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков разговараше за инфраструктурните проекти во општината и плановите за нејзин понатамошен развој.Една од поголемите најавени инвестиции за целиот регион е изградбата на експресен пат кој треба да се протега од Радовиш, преку Струмица и Ново Село, до границата со Бугарија. За овој проект во моментов е започната постапка за избор на проектантска, односно консултантска куќа која треба да ја подготви целокупната документација. Pланирано е да бидат изработени предпроектна документација, еколошки и социјални студии и физибилити студија. По завршувањето на документацијата треба да следува тендер за избор на изведувач и изградба на патот.
Николоски претходно најави дека проектот е планирано да се финансира со сопствени средства на Јавното претпријатие за државни патишта. Според неговите најави, целта е новиот експресен пат да не завршува во Струмица, туку преку Ново Село да продолжи до македонско-бугарската граница.