Експлозив со голема разорна моќ пронајден на гасоводот Србија-Украина?
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во близина на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија, српските безбедносни единици пронашле експлозив со разорна моќ.
„Тукушто завршив телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан, во кој го информирав за првите резултати од истрагата на нашите воени и полициски власти, во врска со загрозувањето на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
„Нашите единици пронашле експлозиви со разорна моќ и детонациски штапини потребни за активирање. Му кажав на премиерот Орбан дека ќе го информираме за понатамошниот тек на истрагата“ – напиша Вучиќ.
Инаку, Унгарија е една недела пред пареламентарни избори на кои се очекува да изгуби Орбан, кој пак својата кампања за реизбор ја води главно демонизирајќи ја Украина.