Експлозија во Токио: Гори зграда (Видео)


Во зграда во центарот на Токио денеска се случи експлозија, при што избувна пожар, а четири лица беа повредени.

Засега официјално не е потврдена причината за експлозијата во областа Шинбаши, но очевидци на настанот велат дека мирисале на гас пред експлозијата.

„Штотуку пристигнав на работа кога слушнав многу силна експлозија. Го грабнав мобилниот телефон и истрчав надвор“, изјавил Шинобу Накагава, 26-годишен работник во ресторан лоциран на првиот кат од зградата, јави Ројтерс.

„Имаше парчиња мебел и отпад низ целата улица, а кога го подигнав погледот, видов огромна колона чад“, додаде тој. Експлозијата се случила во област во близина на железничката станица која е полна со барови и ресторани.