Експлозија во руска хемиска фабрика, загинаа 16 луѓе


Илустрација

Дури 16 луѓе загинаа во експлозија и пожар во фабрика за барут и хемикалии
што се случи денеска во руската покраина Разањ, објави новинската агенција Тас.

Министерството потврди дека во несреќата загинале 12 луѓе, а четворица се водат како исчезнати. Како што пренесува Тас од свои извори, несреќата била предизвикана од непочитување на технолошкиот процес.

Министерството објави фотографии од пожарникари кои стојат покрај зградата делумно уништена од експлозијата.