Експлозија во рудник во Србија, затрупани се рудари, има мртви


 

Во рудникот „Соко“ крај Сокобања во Србија се урна дел од јама и рударите останаа заробени. Медиумите наведуваат дека има загинати и повредени.

Засега не е официјално соопштено колку рудари се повредени и загинати. „Новости“ објавија дека настрадале осум рудари, а дека 58 се спасени.

До експлозијата дошло во раните утрински часови.

Во Итната помош од Алексинац велат дека четири екипи пратиле на терен, да помогнат на настраданите.

„Се работи за смената А во која имало околу 60 рудари. Спасени се првите 5-6 рудари, кои биле на влезот во рудникот. Се стравува дека повеќе од 40 се затрупани. Семејствата на рударите веќе се собираат во Сомот на здравје“, вели неименуван извор за „Курир“.

Во централата на рудникот „Соко“ во ресавица, велат дека во моментот на можат да коментираат, а на местото на несреќата е и полицијата.