Експлозија во рудник во Сибир – 11 загинаа, 49 се заробени во внатрешноста


Најмалку 11 рудари загинаа, а 49 останаа заробени во внатрешноста на рудникот во областа Кермерово во Сибир, објавина надлежните.

Руските служби за спасување добиле повик околу 8.35 часот по локално време или 2,35 по средноевропско, кога било пријавено дека е виден чад во рудникот „Листвјанжаја“, каде има бројни рудници за јаглен.

Според гувернерот на таа област, 285 луѓе биле во рудникот кога се случила несреќата, а причината уште не е позната.

Најмалку 11 луѓе настрадаа, а 49 се заробени во рудникот, наведува изворот додавајќи дека нема никаков контакт со рударите кои се водат како исчезнати.

„Во тек е операција за спасување. Вкупни 237 луѓе извлечени се на површината и 45 од нив се повредени“, објави руското министерство за вонредни ситуации.

Пожарникари и спасувачи се на местото на несреќата.

Специјалци во 19 тимови се обидуваат да стигант до најоодалечената галрија каде може да се наоѓаат исчезнатите рудари.

Системите за вентилација функционираат, а нивото на гасови е минимално.

Можно е кршење на безбедносните протоколи да е причина за несреќата.

Во истиот рудник, во 2004 година, во експлозија загинаа 13 луше, а во 1981 година загинале пет рудари.