Експлозија во италијанска рафинерија за нафта

Експлозија избувна во италијанската рафинерија за нафта во градот Саназаро де Бургонди, пишува весникот „Кориере дела сера“.

Како што се наведува, експлозијата се случила во рафинеријата на компанијата ЕНИ, која го потврди инцидентот во еден од објектите во рамки на комплексот. На местото на настанот пристигнале пожарникарни екипи.

Нема повредени, а ситуацијата е под контрола.

Експлозијата се случила во погон каде производството е прекинато поради интервенција на одржувањето.