Експлозија во Египет, 19 мртви

Деветнаесет луѓе загинаа, а 30 се ранети во експлозија пред египетскиот Национален институт за рак во центарот на Каиро.
До експлозијата дошло кога автомобил кој одел во спротивен правец се судрил со три други автомобили, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи, пренесе Ројтерс.
Египетското јавно обвинителство ја истражува причината за несреќата, но нема официјални наводи дека во прашање е терористички напад.
Експлозијата предизвикала пожар во болницата, така што најмалку 54 пациенти се евакуирани и пренесени во други болници.
Пожарот нешто подоцна е ставен под контрола.

Од египетското министерство за здравство наведуваат дека меѓу повредените се пациенти и персонал од болницата.