Експлозија во центарот на Милано


Во центарот на италијанскиот град Милано денеска одекна силна експлозија.

На социјалните мрежи се објавуваат снимки од запалени возила по експлозијата.

Според италијанските медиуми, најмалку едно лице е повредено, а десетина автомобили се запалени, по експлозија на комбе кое било натоварено со боци со кислород.