Експлозија во центарот на Келн


Експлозија денеска оштети зграда во центарот на западниот германски град Келн, јави ДПА.

Портпаролката на полицијата рече дека широката област на Хоенцолернринг, населба полна со кафулиња, барови и ресторани, е опколена и дека голем број полицајци се на терен.

Таа првично не даде никакви информации за евентуални повреди или причина за експлозијата.

Радио Келн рано утрово јави дека едно лице е полесно повредено.

Полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа околу местото на експлозијата.