Експлозија пред седиштето на три медиуми во Грција


На зградата во која се наоѓаат седиштата на три грчки медиуми утрово е фрлена експлозивна направа од рачно производство.

Се работи за канистри со гас кои експлодирале пред влезот.

Во оваа зграда се наоѓаат редакциите на весниците „Демократија“, „Еспресо“ и „Естија“, во населбата Панграти.

Причинета е материјална штета на вратата од влезот.