Експлозија пред луксузен хотел во Могадишу


Полицијата во Сомалија соопшти дека експлодирал автомобил-бомба во близина на луксузниот хотел „Елит“ на плажа во Могадишу и дека потоа имало размена на оган.

Во новоизградениот хотел „Елит“, доаѓаат млади луѓе од елитните кругови на главниот град на Сомалија.

Најмалку пет луѓе загинаа и 10 се ранети во нападот на луксузниот хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу. Според полициски извори, се уште се водат рпестрелки со напаѓачите кои држат заложници.

Полицијата во Сомалија соопшти дека експлодирал автомобил-бомба во близина на луксузниот хотел „Елит“ на плажа во Могадишу и дека потоа имало размена на оган.

Тој напад го прекина повеќемесечното примирје.

Екстремисти од сомалиските муслимани, бунтовници на ал-Шабаб, поврзани со Ал Каеда, најчесто организираат такви напади во Могадишу.