Експлозија на пругата во руски регион близу границата исфрли воз од шините


 

Експлозија во руската погранична област Бријанск исфрли од шините во понеделникот товарен воз, соопштија властите.

Локалниот гувернер Александар Богомаз изјави дека експлозивна направа експлодирала долж железничката линија Бријанск-Унеча.

Во инцидентот, кој се случи во 10,17 часот по московско време, локомотивата се запали и седум товарни вагони излетаа од шините, соопшти Руската железница.

Регионот – кој се граничи со Украина и Белорусија – има акти на саботажа откако Русија ја нападна Украина.

Возот наводно превезувал нафтени продукти и дрва. Нема информации за повредени.

„Неидентификувана експлозивна направа експлодирала на 136 километри на железничката линија Бријанск-Унеча, иифрлувајќи од шините товарен воз“, рече Богомаз во објавата на Телеграм.

Сликите на социјалните мрежи покажаа вагони со цистерни свртени на страна со облаци од сив чад што се издигнуваа во воздухот.

Во саботата, Богомаз рече дека четири лица загинале откако Украина го гранатирала селото Суземка, околу седум милји (12 километри) северно од руската граница со Украина.

Во меѓувреме, Русија истрела проектили низ Украина во вториот напад пред зори во последните три дена.

Нападите предизвикаа голема штета во логистички центар во Павлоград, во близина на централниот град Днипро.

Уништени се десетици куќи, а 34 лица се ранети.

Севкупно, украинската војска соопшти дека соборила 15 од 18-те крстосувачки ракети кои биле истрелани.