Експлозија на бомба во Лион, осум повредени


Во центарот на Лион, на улицата Виктор Иго, експлодира бомба меѓу плоштадот Белкур и железничката станица Лион-Пераш, околу 17:40 часот. Според француското министерството за внатрешни работи има осум повредени лица.

Експлозивната направа била ставена во патничка торба. Овој трговски дел на градот е целосно опколен од страна на силите на редот. Префектурата на Лион ја потврди експлозијата и бара поради безбедност на граѓаните да го избегнат овој сектор.