Експлозија и пожар во ковид болницата во Ниш, четворица повредени

Четири лица се повредени во експлозија и пожар во новата ковид болница во Клиничкиот центар во Ниш.

Како што јавува белградска ТВ Н1, повредени се тројца медицински работници и еден пациент.

До пожарот е дојдено кога експлодирала боца со кислород и тој бил брзо изгаснат.