Експлодира џип во Белград, атентат на познат криминалец


 

Страхиња Стојановиќ (30) кој беше повреден во експлозија на автомобил во Нов Белград, почина во белградскиот ургентен центар, јавуваат белградските медиуми.

Стојановиќ беше сериозно повреден во експлозија на џип во движење во Нов Белград. Тој бил во критична состојба по реанимацијата на самото место, а медиумите објавија дека му се ампутирани двете нозе.

Покрај Стојановиќ, во експлозијата повредена е и 45-годишната Колумбијка Соња Суарез Гомез.

Стравични фотографии од експлозијата, за која се сомнева дека бил атентат на Стојановиќ, покажуваат како жртвата неподвижно лежи на патот покрај џипот, додека девојката клечи крај него, пишува „Блиц“.

Ова беше втор обид за убиство на Страхиња Стојановиќ, кога веќе беше извршен обид за атентат на 11 август во белградската населба Галеника. Тогаш во експлозија на автомобил во Земун повредена беше неговата пријателка, поранешна мис Олтаз Билбао Гонзалес.

Стојановиќ е познат на полицијата од порано. Пред две години излезе од затвор каде одлежа казна за предизвикување општа опасност. Тој се поврзува и со убиство на адвокат.