Експерти ни откриваат дали е добро по здравјето овошје на празен стомак


Овошјето има низа здравствени придобивки, а често се консумира за појадок, оброк кој е најважен во текот на денот. Сепак, дали е ова паметна и здрава идеја?

Телото се опоравува и одмара во текот на ноќта, а потоа му е потребна енергија која ќе ја добие со јадење здрава храна. Многу луѓе се одлучуваат за овошје наутро, без разлика дали тоа е самото овошје или комбинирање со житарки и друга храна.

Научниците истражувале дали е паметно наутро на празен стомак да се јаде фруктоза, односно шеќер кој содржи овошјето, па дошле до заклучок дека е исклучително добро во појадокот да внесувате овошје. Овошјето е богато со витамини и влакна кои помагаат да се одржи чувството на ситост, поради што нема потреба од прејадување.

Овошјето помага при проблеми со празнењето на цревата, го подобрува видот, ја хидрира кожата, го штити нашето тело од слободните радикали. Не подмладува, ни дава енергија и виталност. Некои истражувања покажуваат дека најдобро е наутро да се јаде само овошје, без никакви додатоци, бидејќи тогаш нашиот организам го зема најдоброто од овошјето.

На мозокот му треба околу 20% од вкупната енергија што ја користиме во текот на денот, а гликозата е суштинско гориво за многу од неговите најосновни функции. Овошјето е богато со вода, влакна, витамини и минерали кои ќе ви помогнат да останете хидрирани во текот на денот