Ексмис на Македонија Емилија Розман се сврши


Фото: Б. Грданоски

Манекенката и ексмис на Македонија Емилија Розман (28) пред пет месеци беше невеста во креацијата на дизајнерката Антонија Ристовска на јубилејниот, 10.Саем на венчаници во „Александар палас“, а сега ќе ѝ се исполни желбата и ќе стане невеста во реалниот живот.

Фото: Б. Грданоски

Со букет во раката и свршеничкиот прстен, од Козјак се пофали за свршувачката. Му кажа да на своето момче, скопјанецот Стефан Ангелкоски, по кратка врска.

-До месечината и назад, ДА, ДА, ДА напиша Емилија.

Розман, инаку дипломиран дефектолог, ја претставуваше Македонија на мис на светот во 2015 година.Оттогаш е една од нашите најангажирани убавици на изборите ширум светот, во спотовите на нашите поп-пејачи и на пистите на модните настани во Скопје.