Ексклузивно во „Хелоу“: Свадбата на Леона Луис на имотот на Стинг во Тоскана


Италија- Поп-ѕвездата Леона Луис (34) и нејзиниот долгогодишен дечко. Кореографот Денис Јауч (30) се венчаа во Италија, а го избраа имотот на поп-ѕвездата Стинг од 16 век, опкружен со лозја во Тоскана.

Пејачката за време на свадбата сменила три тоалети: Венчаница, на израелската дизајнерка Мира Звилингер, долга тоалета и комбинезон украсен со кристали.

На свадбата присуствувале над 200 гости.

Ексклузивната приказна и фотографии ги објави „Хелоу“.

Поп-ѕвездата победи на шоуто на таленти „Икс фактор“ во Англија во 2006 година. Од тогаш Леона има статус на ѕвезда со хитови и албуми продадени во милионски тиражи.