Ексклузивни, до сега, необјавени фотографии од Адолф Хитлер


Ексклузивни фотографии кои Америка долго ги чуваше во тајност го прикажуваат Адолф Хитлер кога земл замав во моќта, собирајќи мала група нацистички следбеници 1920-тите години, пренесува The Sun.

На фотографиите се гледа нацистичкиот водач во текот на своите митинзи и како позира со куче. Овие фотографии се дел од огромна колекција која дури сега се објавува во јавноста.

Во колекцијата има 1.270 фотографии, кои Ричард Шнајдер ги дигитализирал и ги документирал.

Фотографиите се снимени од личниот фотограф на Хитлер, Хајнрих Хофман.

Споменатата колекција на фотографии е дел од поголема колеција со 41.000 фотографии кои се чуваат во националните архиви на САД.