Економијата на САД со најголем пад по Големата депресија

Економистите се загрижени дека досега преземените херкулски напори нема да бидат доволни доколку кризата продолжи по јуни

Бруто домашниот производ  на САД во второто тримесечје се намалил за рекордни 32,9 проценти, најголем пад на економијата после Големата депресија (1929-1933), а како резултат на пандемијата на коронавирус што предизвика запирање на потрошувачката и бизнис активностите во земјата.

Како што соопшти Минситерството за комерција, најголем дел од овој пад е забележен во месец април, кога речиси сите бизнис активности во САД запреа, со затворањата на рестораните, кафе баровите и фабриките што започна кон средината на март.

Белата куќа и Конгресот договорија нов пакет помош за економојата и нови исплати за помош на Американците. Се работи за пакет мерки од 3 трилиони долари за помош компаниите да исплатата плати на вработените и продлжување на исплатите од 600 долари неделно за милиони невработени Американци што истекуваат оваа недела. 

Во меѓувреме, намалувањето на бројот на пријави за невработеност кое започна во мај, застана на одредено ниво во јуни поради новите случаи на коронавирус регистрирани насекаде низ земјата.  

Според Министерството за труд, новите пријави за исплата за невработеност се зголемиле за 12.000 до 1.43 милиони за минатата недела. Додеак вкупно 30.2 милиони Американци добиле исплати за невработеност заклучно со неделата што заврши на 11 јули.  

Пандемијата ги урна цените на нафтата, производството на сориба нафта од шкрлици е сериозо намалено и отпуштања има и во оваа област. Според министерството, прометот во рударскиот сектор во второто тримесечје бележи пад од 34.9 проценти додека градежните работи на станбени објекти се намалени за 38.7 отсто.  

Пандемијата создаде пречки во глобаната трговиј и го го намали увозот и извозот од САД.  

Економистите предупредуваат дека доколку Владата не го исплати и второт пакет мерки и тоа мошне бргу, и не презеде план за запирање на вирусот, американската економја може да отиде во колапс.  

Претседателот Доналд Трамп, чија популарност се лизга надолу поради протестите против расизмот, неуспешното менаџирање на пандемијата и економската криза на три месеци пред изборите на 3 ноември, синоќа изјави „не се брзаме“ со реализација на мерките.