Економиите во развој мора да растат многу побрзо за да ги платат своите долгови


Светска банка ги предупреди земјите во развој дека високите трошоци за задолжување може драматично да влијаат на нивната способност да го поттикнат моментално слабиот економски раст.

Последното предупредување на финансиската институција доаѓа откако продажбата на меѓународни државни обврзници на пазарите во развој достигна рекордни 47 милијарди долари во јануари, објави Ројтерс.

Заменик-директорот на Светска банка, Ајхан Косе, на одредени држави им порача дека кога станува збор за позајмувањето „сè е драстично променето и дека нивните економии мора да растат многу побрзо“.

„Да имав хипотека со камата од 10 отсто, ќе бев загрижен“, вели тој.

Косе додаде дека може да испадне дека побрзиот раст е недостижен.

Податоците објавени од Институтот за меѓународни финансии покажуваат дека нивото на глобалниот долг ќе достигне нов рекорд од 313 билиони долари во 2023 година.