Еколозите во шок: Со избелувач дезинфицирале плажа


Властите на селото Зара де лос Атуњес, на југот на Шпанија, ангажирале неколку трактори и ја испрскале локалната плажа со избелувач за да ги заштитат жителите од вирусот.

Овој потег наиде на неверување и осуда од страна на  еколошките здруженија, кои рекоа дека направиле непоправлива штета на екосистемот.

Живописното рибарско село, кое зафаќа дел од популарното туристичко крајбрежје на Коста де ла Луз на Андалузија, испрати трактори со прскалки за дезинфекција на плажата пред децата да бидат пуштени по шестнеделната забрана за излез.

„Ова е апсолутно апсурдно. Плажата е жив екосистем. Кога ќе го испрскате со белило, убивате сè што ќе ви дојде на патот “, изјави Марија Долорес Иглесијас Бенитез.

Еколозите од овој дел на шпанскиот брег се многу активни во заштитата на неколку видови птици кои доаѓаат тука за време на миграцијата.

Бидејќи на луѓето им беше забрането да доаѓаат на плажа во последните шест недели, тие се надеваа дека ќе се зголеми бројот на гнезда. „Се плашам дека тракторите ги уништија јајцата“, вели Иглесијас Бенитез.

„Прскањето плажи со белило среде сезоната на преселување и за време на периодот на множење на многу видови безрбетници и риболов не е само идеја на Доналд Трамп. Исто така се случува и во Зара де лос Атуњес “, соопштија од организацијата„ Гринпис Шпанија “, алудирајќи на тврдењето на американскиот претседател дека инјектирањето на производи за чистење може да помогне во борбата против Ковид-19.

Локалниот службеник, Агустин Конехо, изјави дека  потегот на владата е мотивиран од желбата да ги заштити децата.

„Јас разбирам дека беше грешка. Но, тоа беше направено со најдобра намера “, додаде тој.