Еколошки протести во 60 градови ширум светот


Австралија– Активисти против климатски промени денеска во 60 градови низ целиот свет го блокираат сообраќајот, банките, министерствата и трговските центри за да предупредат на „климатската и еколошка катастрофа што ни се заканува на сите“.

Стотици демонстранти ги блокираа патиштата во австралиските градови денеска наутро. Во Сиднеј полицијата уапси 30 демонстранти за одбивање да се симнат од патот кај главната железничка станица, јави ДПА. Слични, но мирни протести се одржаа во Мелбурн и Бризбејн.

Триесет активисти се уапсени и во главниот град на Нов Зеланд, каде стотици луѓе блокираа големи патишта, министерства, па дури и влегоа во банката АНЗ за да им порачаат да се откажат од поддршката за фосилни горива.

Британската полиција денеска превентивно уапси 10 активисти под сомнение дека го загрозуваат јавниот ред,

Демонстранти денеска излегоа и на улиците на Париз и Амстердам.

Во Франција блокираа влегување во трговски центар, „симбол на капитализмот“, прогласувајќи ја операцијата „последна окупација пред крајот на светот.

Стотици активисти ги блокираа улиците на централниот дел на Амстердам и покрај полициската забрана.
Протести се најавени и се одржуваат во Аргентина, Шпанија, САД, Ирска, Индија и Јужна Африка.