Еколошки фотографии на годината


За време на Генералното собрание на Обединетите нации и Самитот за климатските промени беа објавени и наградите за фотограф на годината за животната средина во 2019 година. СЛ Шант Кумар ја освои првата награда за фотографија која прикажува 40-годишен рибар како страда во водата која ги поплавува куќите во Мумбаи. Имаше и впечатлива снимка од носорог, загадувањето на мексикански град, кафеав германски град поради рудникот на јаглен, младо момче кое пие каллива вода во Кенија…

ВИСОК БРАН ВЛЕГУВА ДОМА, Мумбаи, Индија
Огромен бран навлегува меѓу трошните куќи во Мумбаи, Индија. Рибарот кој се обидува да остане на нозе беше повлечен од силните струи, но беше спасен од колегите рибари пред морето да го проголта. Градот Мумбаи е изложен на ризик од крајбрежно поплавување, што е последица на климатските промени.

ЗАГАДЕНА НОВА ГОДИНА, Мексикали, Баја Калифорнија, Мексико
На 1 јануари 2018 година Мексикали беше еден од најзагадените градови во светот поради климатските промени, неговата географска локација, индустријата и автомобилите.

НЕДОСТИГ НА ВОДА, Какамега, Кенија
Младо момче пие валкана вода поради недостиг на водни центри поради уништување на шумите во таа област. Недостигот на чиста вода во голема мера го зголемува ризикот од заболувања, како што се колера, тифусна треска и дизентерија и други тропски болести.

ОЧАЈНИ МЕРКИ, Лимпопо, Јужна Африка
На овој носорог му се сечи рогот во обид да биде заштитен да не биде ловен. Со сегашното сериозно ниво на ловокрадство, експертите препорачуваат роговите на носорозите да се сечат на секои 12-24 месеци за ефикасно да ги одвратат ловците.

СОН ОД ЗАМОР, Дака, Бангладеш
Жена спие на валканиот брег на реката

СЛАТКИ СНИШТА, Ренунсио, Буркина Фасо
Девојка спие на клупа во училница. Екстремните дождови тројно се зголемија во Сахел во последните 35 години поради глобалното затоплување. Климатските промени предизвикаа 70 епизоди на поројни дождови во последната деценија, иако регионот исто така страда од силни суши.

НЕДОСТИГ НА ВОДА, Лаос
Мајка го капи своето дете во Лаос со пумпање вода во пластично шише, додека друго дете гледа љубопитно од грбот. И покрај обилните реки, водата за пиење во Лаос може да биде загадена со штетни хемикалии.