„Еколог“ избран за спроведување на вакцинацијата против Ковид -19 во Германија

Германија-Компанијата „Еколог“ е избрана да го спроведува процесот на вакцинација против Ковид-19 во Германија. Како што информираат од компанијата, целосниот процес на вакцинација ќе го спроведе „EcoCare“, дел од групацијата „Ecolog International“. Веќе има обезбедено тим од лекари, мадицинско-технички персонал, асистенти и административен персонал за реализација на овој огромен и сложен проект.

Центрите на вакцинација на „EcoCare“ пред два дена успешно започнаа со работа во различни градови во Германија, а дополнително, голем број тимови за вакцинација на повеќе различни локации започнаа и за лицата кои имаат потешкотии да ги посетат центрите за вакцинација.

 

Еден од центрите за вакцинација на „Еколог“, како што наведуваат од компанијата, во петокот го посетија високи претставници на државата, а домаќин на настанот беше главниот медицински директор д-р Томас Лидке.

– По нашето искуство со масовни тестови за откривање корона во многу меѓународни земји, ние сме задоволни што можеме да придонесеме за контрола на короната во централните региони на Германија со нашите вакцини. Нашиот персонал е специјално обучен за спроведување на овој процес со цел обезбедување добар процес на вакцинација во самите центри, изјави за медиумите при посетата Лидке.

Компанијата „Еколог Интернешнл“, од избувнувањето на пандемијата со Ковид-19, го прошири својот опсег и сега преку „EcoCare“ нуди здравствени услуги, како организирање масовно тестирање, создавање и работење центри за вакцинација и мобилни тимови за вакцинација во различни земји од ЕУ, како и во Велика Британија.