ЕК пушти интернет страница за условите за патување во ЕУ


Европската комисија претстави Интернет страница на која луѓето што патуваат во ЕУ можат да проверат какви се условите во државата во која сакаат да отпатуваат. Адресата на страницата е https://reopen.europa.eu.

Се предвидува информациите постојано да се ажурираат, а нив да ги обезбедуваат државите во Унијата.

На страницата може да се провери какви се ограничувањата за патување со различни превозни средства, како и условите за престој или транзит.