ЕК препораки: Како да се патува низ Европа во време на пандемијата

Фото: Б. Грданоски

Белгија – ЕК – општи упатства за патување со авион, воз, брод и копнен сообраќај.

ОПШТИ Упатства:

* Патниците ќе бидат охрабрени да купуваат билети преку интернет, места за резервации и пријавување (check-in).

* Патниците треба да носат заштитни маски, особено кога мерките за физичко растојание не можат да бидат целосно почитувани во секое време. Маските не мора да бидат медицински.

* Физичкото растојание треба да се обезбеди на контролните пунктови и местата за проверка.

* Треба да се воспостават специјални ленти за раздвојување на патниците на пристаништата, аеродромите, железничките станици, автобуските станици, фериботските пристаништа и јавните транспортни постојки.

* Клупите, масите и сe што поттикнува собири треба да се отстранат или постават на таков начин што ќе се обезбеди физички простор.

* Во автобуси, возови или фериботи можат да се дозволат помалку патници, а патниците кои не живеат во исто домаќинство може да бидат одвоени.

* Персоналот што регулира сообраќај треба да има соодветна заштитна опрема.

* Дезинфекција треба да биде достапна, а возилата треба редовно да се чистат и дезинфицираат.

* Храната, пијалоци и другите производи веќе не можат да се продаваат во превозни средства.

* Продавниците без царина (Duty-free-shops) и другите продавници треба да го контролираат движењето на патниците со ознаки на подот и да го ограничат бројот на клиенти, и да го интензивираат чистењето и да инсталираат заштитни бариери на касите, со цел физички да ги одделат клиентите од продавачите.

* Мобилните апликации со мерки за следење и предупредување за контакт со заразено лице можат да се користат на доброволна основа. Таквите апликации треба да функционираат прекугранично.

Авионски сообраќај:

Регулаторите ќе усвојат протоколи во следните неколку недели што треба да го вклучат следново:

* Вентилацијата на воздухот треба да се подобри, филтрација на воздухот како што е онаа во болниците и вертикалното струење на воздухот.

* Движењето во авионите треба да биде ограничено, да се намали интеракцијата со екипажот.

* Управување со проток на патници: порано пристигнување на патници на аеродром; употреба на електронска проверка (check-in) или тој процес да се заврши на машина; намалување на контакт за време на проверка на багажот, проверка на безбедноста и проверка на документи, влегување и за време на подигнување на багажот.

* Пред-нарачка на услуги и оброци треба да се направи, кога е можно, во моментот на резервацијата.

Копнен сообраќај:

* Високо ниво на хигиена треба да се одржува на терминали, места за одмор по автопатите, паркиралишта и бензински пумпи.

* Со протокот на патниците треба да се управува на станици.

* Кога не може да се обезбедат соодветни нивоа на јавно здравје, треба да се земе предвид затворање на станици.

Автобуси и минибуси:

* Задните врати треба да се користат за влез на патници, а вентилацијата да се прави со отворање на прозорци наместо да се вклучи климатизацијата.

* Седењето треба да биде поставено така што семејства да седат заедно кога е можно, додека луѓето кои не патуваат заедно треба да седат одделно.

* Во минибуси, патниците не треба да седат до возачот ако не е можно физичко раздвојување.

* Ако е можно, патниците треба сами да се грижат за својот багаж.

Железница:

* Фреквенцијата и капацитетот на возовите треба да се зголемат.

* Железничките претпријатија треба да воведат задолжителни резервации за места на меѓуградски и регионални возови.

* На кратки дестинации, патниците треба да остават празни места меѓу себе, освен оние од истите домаќинства.

* Железничките претпријатија треба да користат системи за броење на патници, особено на приградските возови, за управување со капацитетот.

* Со протокот на патници на станиците треба да се управува доколку не може да се обезбеди соодветно ниво на јавно здравје.

* Патувањето треба да се охрабрува во моменти кога не е најпрометно со воведување стимулации како што се прилагодување на цените или флексибилно работно време за да се избегнат големи гужви на патници.

* Вратите треба да се отворат автоматски на секоја станица или рачно да се отвораат од возачот.