ЕК истражува дали имало злоупотреба со фондовите Еразмус плус


Европската Комисија (ЕК) отвори истрага за случајот со наводна злоупотреба на ЕУ фондовите Еразмус плус од страна на Националната агенција за европски образовни програми во Македонија. Портпаролката на ЕК за образовение Сузан Конзе, посочи дека Комисијата е запознаена со случајот.

-Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад, изјави Конзе.

Европската Комисија во моментов не може да даде повеќе детали за истрагата додека е во тек, но она што е познато е дека во случај да биде утврдена криминална злоупотреба на фондовите, случајот ќе биде испратен до ОЛАФ, европското тело за борба против измами.

Од Комисијата објаснуваат дека доколку биде утврдена „само нерегуларност во трошењето, како на пример процедурална грешка“, тогаш државата мора да ги врати финансиите назад во ЕУ. При апликација за фондовите Еразмус плус, државата е гарант за овие пари во случај на нерегуларност или измама и е обврзана да ја врати целокупната сума.

Брисел исто така врши редовни финансиски ревизии, како и годишен мониторинг за трошењето на бриселските фондови.