Египет планирал тајни испораки на ракети за Русија, откриваат протечените документи


Претседателите Абдел Фатах ел-Сиси и Владимир Путин

 

Сѐ повеќе детали излегуваат од објавените документи на американските разузнавачки служби: Како што пишува „Вашингтон пост“, станува збор и за египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси и 40.000 ракети кои Египет сакал тајно да ги испрати во Русија. Во строго тајните документи се сумира разговор меѓу него и висока египетска војска. Во него ел-Сиси ѝ дава инструкции на војската да ја снабдува Русија со артилериски гранати и барут. Производството и испораката на ракетите мора да останат тајна „за да се избегнат проблеми со Западот“. Наводно, до испорака на ракетите сепак не дошло.

Ставот на Египет за војната во Украина е контрадикторен: Историски гледано, земјата се смета за долгогодишен сојузник на САД, која е поддржан со американска воена помош. Од друга страна, ел-Сиси во последните години продолжи да ги продлабочува билатералните односи со Русија. На почетокот на инвазијата, египетскиот претседател во телефонски разговор со Путин го истакна историското пријателство меѓу двете земји. Земјата е силно зависна од увозот на пченица од Русија. Ја гради и својата прва нуклеарна централа со руска помош. Сепак, Египет се приклучи на резолуцијата на ОН за осуда на руската инвазија на соседната земја.

„Вашингтон пост“ се повикува на документи објавени на платформата Discord, популарна кај гејмерите. Нивната автентичност не е потврдена. Владин функционер соочен со наодите на американскиот весник рече дека не знаел за плановите на Египет.

Очигледно тајните документи од американските агенции за руската агресивна војна против Украина со недели кружат на Интернет. Американските медиуми со денови објавуваат чувствителни материјали за двете завојувани страни без да ги објават самите документи. Нејасно е кој ги објавил документите кои пред неколку недели беа распространети на проруските канали.