Ефектите во образованието, власта по една година, ги очекува до крајот на мандатот

Резултатите од работата на Владата која вчера наполни една година, видливи се и сега, смета министерката за образование Весна Јаневска, но целосна ефективност ќе видиме на
среден рок, или до крајот на мандатот на актуелната Влада.
– Пред една година функционалноста на системот не беше на минимално, туку на незадоволително ниво. Затоа, најпрво го обединивме трудот на институциите и го насочивме кон стопирање на понатамошен пад на квалитетот и со интензивна активност поставивме темели на модерен образовен систем кој ќе ги насои младите да си ја сакаат државата и народот, да бидат чесни, одговорни и посветени, а со знаењата и вештините конкурентни во глобалниот свет, но пред сè успешни во својата земја“, рече Јаневска на денешната трибина во Владата, на која се дискутираше за остварувањата во неколку ресори во изминатата година, вклучително и образованието и науката.
Појасни дека за оваа една година ја унапредиле законската регулатива заради повеќе права и можности. Изработиле нови наставни програми, но и нови учебници без грешки, со модернизирана содржина и се погрижиле за нивна навремена испорака.
Приоритет била и инфраструктрата и во моментов има активни инвестиции од 2 милијарди денари.
Грижата за наставниците ја покажале со реален раст на платите во основното и средното образование за 12,5%, додека во високото за 14%“.
За науката пак, Јаневска посочи дека буџетот за овој сегмент е двојно зголемен споредбено со лани и изнесува 680 милиони денари, како и дека веќе се објавени 3 огласи за распределба на пари за иновативни научно – истражувачки проекти на високообразовни и јавни научни установи, МАНУ и компании ориентирани кон иновации, кои ќе помогнат во остварување на целите од Стратегијата за паметна специјализација.
– Резултатите од нашата работа и сега се видливи, но целосна ефективност ќе видиме на
среден рок, а тоа би било некаде на крајот на овој прв мандат на актуелната Влада – рече Јаневска.
Осврнувајќи се на плановите на МОН во следниот период, министерката рече дека продолжува процесот на обнова на наставните програми и учебниците, а вештачката интелигенција како технолошка иновација наскоро ќе влезе во македонските училишта. Ќе продолжи да се заложува за воведување на едносменска настава во училиштата, како и на оптимизација на училишната мрежа, а се работи и на обликување на концептот за реформа гимназиското образование.
За факултетите планирано е воведување на концептот на дуално образование по германски модел, а пионер ќе биде Машинскиот факултет.
Продолжува процесот за изградба на ФИНКИ и ФФК, а етапно се реконструираат и
студентските домови