Едукативна кампања за чистење пластичен отпад во Скопје


Eдукативна кампања и акција за чистење на пластичниот отпад и намалување на употребата на пластични амбалажи ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје.Кампањата ќе трае една недела и главно ќе се води на социјалните мрежи, а дел и на улиците на главниот град.

Кампањата се води под името „Рециклирам 2019″, а целта е преку позитивен исход од акцијата да се стимулираат надлежните институции за посериозно ангажирање со проблемот.