Едно училиште во Прилеп и 16 во Скопје добиле дојава за бомба


Илустрација - Фото: Б. Грданоски

Утрово, едно училиште во прилеп и 16 во Скопје, добиле дојави за бомби, по што полицијата излезе на терен, ги евакуираше присутните и ги прегледува објектите.

– Денеска до 9.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите  – соопштија од полицијата.