Едно лице загина откако се запали авион на Шереметјево


Едно лице загина, а повеќе од 10 се повредени во пожар на патнички авион, кој принудно слетал на московскиот аеродром Шереметјево.

– Според прелиминарните информации, едно лице загина. Во авионот се наоѓале 73 патници и шест членови на екипажот, истакна неименуван извор.

На местото на инцидентот се испратени најмалку 10 амбулантни возила.

Авионот Сухој Суперџет-100 од Шереметјево полетал кон Мурмански, а набрзо се вратил барајќи итно слетување.