Едно лице загина, а неколку се повредени во експлозија во зградата на Основниот суд во Подгорица


Едно лице загина, а неколкумина се повредени во експлозија на бомба во зградата на Основниот суд во Подгорица. Според неофицијалните информации кои ги пренесе „Вјести“, повикувајќи се на полициски извори, во експлозијата се повредени уште пет лица, од кои едно потешко.

Загинатиот, како што пренесе медиумот, е Младен Булатовиќ 39-годишник кој ја активирал експлозивната направа.

„Во 11 часот и 35 минути добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени лица. Утврдивме дека загинал М.Б. (39) кој ја активирал експлозивната направа. Имаме уште пет повредени лица кои се лекувале во Клиничкиот центар“,

Полицијата и екипите на Итната медицинска помош се на терен.

Истрагата е во тек.

Вчера вработените во Врховниот, Вишиот и Апелацискиот суд во Подгорица беа евакуирани од зградата во која се сместени трите институции поради дојава за поставена бомба.