Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Скопје

Сопатник во моторно возило се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 16 сообраќајки во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест полесно се повредени осум лица, во девет сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 28 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 18 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца почетници, како и 19 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и шест возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи  не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, 17 возачи за не користење заштитен шлем,  летворица  возачи за не носење сигурносен појас и 14 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 70 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 64 возила