Радишани добива нов рекреативен центар


Наскоро во населбата Радишани на местото познато како „Жегровец“, односно на поранешната депонија на улица „8“ ќе се изгради нов рекреативен центар.

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски најави дека проектот е завршен, а за неколку недели ќе се започне со изведба.

Граѓаните ќе добијат ново баскет игралиште со сертифицирана FIBA подлога, ново детско игралиште со модерни содржини, ново урбано уредување со клупи и летниковец, ново лед осветлување, како и зеленило.