Една од најголемите сензации досега: Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без четвртфинале


Ракометната репрезентација на Бразил направи една од најголемите сензации на големите натпреварувања досега, пласирајќи се меѓу осумте најдобри селекции на Светското првенство.
Селекцијата на Јужна Америка го совлада еден од фаворитите за врвот – Шведска во неверојатен дуел со резултат 27:24 и со тоа Скандинавците  останаа без пласман во четвртфиналето.

Бразилците одиграа одличен натпревар, по првите 30 минути водеа со 14:9 и го издржаа налетот на Шведска во вториот дел и сосема заслужено дојдоа до победа.

До победата ги предводеше феноменалниот голман Рангел да Роса со 20 одбрани, а истакнати играчи беа Монте да Силва и Лангаро со по четири гола, а Да Силва Барос, Оливеира и Борхес додадоа по три.

Најдобар Швеѓанец беше Карлсбогард со шест гола, додека Готфридсон додаде пет, а Сандел мечот го заврши со четири гола. Паличка имаше седум одбрани, а Тулин три.

Бразил сега е втор во поредокот со шест бодови, а Шведска е трета со два бода помалку.

Во последното коло, кое нема да има никакви последици, Бразил ќе игра против Шпанија, додека Шведска ќе се соочи со Норвешка.

Резултат:

Бразил – Шведска 27:24

Табела: