Една година пред изборите, Трамп води пред Бајден во пет важни држави


 

Една година пред претседателските избори во САД, анкета на „Њујорк тајмс“ објавена денеска покажува дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е пред актуелниот претседател Џо Бајден во пет од шест клучни држави, бидејќи демократот ја губи поддршката меѓу младите луѓе и малцинствата.

Според анкетата на „Њујорк тајмс“/Колеџ Сиена, републиканскиот милијардер Доналд Трамп води на својот демократски ривал во Невада (52/41 отсто), Џорџија (49/43), Аризона (49/44), Мичиген (48/43) и Пенсилванија (48/44), а Џо Бајден би победил во Висконсин (47/45). Во сите тие држави, Џо Бајден победи во 2020 година.

Анкетата е спроведена телефонски од 22 октомври до 3 ноември меѓу 3.662 регистрирани гласачи во шест држави.  

Шеесет и седум отсто анкетирани сметаат дека државата (додека е Бајден претседател) оди во лоша насока, 59 отсто не го одобруваат начинот на кој Бајден ги извршува своите претседателски должности (меѓу нив 46 отсто воопшто не го одобруваат) а 71 процент мислат дека со неговите 80 години е престар за да биде успешен претседател.

Џо Бајден најмногу ја губи поддршката кај младите, а само 41 отсто од младите на возраст од 18 до 29 години велат дека дефинитивно или веројатно ќе гласаат за него, додека 40 отсто од младите од истата група ќе гласаат за Трамп.