Една година „Ист гејт мол“: Испиени над 300.000 кафиња и приготвени над половина милион оброци


За една година од работењето во „Ист гејт мол“ биле испиени над 300.000 кафиња и приготвени над половина милион оброци во рестораните, а во гаражите на молот се паркирале над 1 милион автомобили. Во трговскиот центар се наоѓаат 220 локали со 99 отсто исполнетост и 40 киосци кои континуирано се во пораст. За сѐ ова се грижат над 2.500 вработени лица кај закупците, а за хигиената, обезбедувањето и функционалноста на трговскиот центар се грижат над 1.200 лица во три смени.
Овие бројки денеска ги соопшти Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков, кој на средбата со новинарите рече дека податоците го заокружуваат она што е цел во следните години или 1001 причина да се посети Ист Гејт Мол како ,,Оne stop mall” каде што со една посета може да се извршат сите финансиски обврски како плаќање на сметки, поштенски услуги, но и одличен шопинг, широк избор на храна за сечиј вкус, богат избор на козметика, забава за сите возрасти, како и иновативен и уникатен фитнес центар.

„До крајот на оваа година, кампањите и настаните продолжуваат, а започнуваат со славењето на нашиот прв роденден овој викенд 5-6 ноември со многу подароци и попусти, потоа Денови на италијанска кујна од 10 до 14 ноември, Новогодишен и Божиќен базар и многу други активности“, рече Давков.

За овие 365 дена, од официјалното отворање на Ист Гејт Мол, трговскиот центар работеше со полна динамика и реализираше голем број на кампањи и настани, од кои најголем дел стануваат нова традиција.