Единствена Македонија бара протестни ноти и за Украина и Бугарија
Партијата Единствена Македонија реагира на врачувањето протестна нота на амбасадорот на Русија, без истото тоа да се стори со амбасадорот на Украина и на Бугарија.
-Марионетскиот министер Бујар Османи продолжува со провокации спрема македонскиот народ со најновото повикување на рускиот амбасадор иако нема никакво прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи. Дотолку повеќе, токму руската амбасада во Скопје по различни поводи никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет, македонскиот народ, јазик, историја и култура.
Од друга страна, бугарскиот премиер и претседателот на бугарското Собрание по повод прославата на Санстефанскиот договор отворено зборуваа за единствена Бугарија во која влегува и територијата на Република Македонија, а од страна на Османи целосен молк и не го повикува бугарскиот амбасадор да му врачи протесна нота. Украинската амбасада во Скопје со јавна објава за регрутирање македонски борци во Украина, а од страна на Османи повторно тишина иако украинската амбасада дејствува на начин кој не одговара на статусот на едно дипломатско претставништво и на директен начин се крши меѓународното дипломатско право.
Марионетата Бујар Османи очигледно го губи компасот и претставува срамен пример како една држава ја користи сопствената дипломатија против сопствените интереси. Повикувањето на рускиот амбасадор а без притоа да ги повика украинскиот и бугарскиот амбасадор е врв на полтронството. Бујар Османи испушта од вид дека полтроните секој ги посакува, но, никој не ги цени, стои во реакцијата на Единствена Македонија, една од трите партии кои отворено се проруски.