Единствена Македонија бара одговорност за пописот што таа го бојкотираше
Единствена Македонија, која повикуваше на бојкот на пописот, сега кога е направена штетата и бројот на Македонците е на историско најниско ниво во сопствената држава, најавува дека резултатите нема да ги признава. Таа изјава не е релевантна како политичка порака, но бројките што се резултат од пописот ќе бидат и тоа како релевантни кога ќе се делат сретства по општините и за разни политики кои зависат од бројките.
-Единствена Македонија не го признава фалсификуваниот пописен резултат кој денес го објави марионетската власт во Скопје преку нејзиниот потрчко, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.Среќе во несреќа е што и фалсификаторите целосно ја промашиле работата бидејќи нивниот фалсификат е видлив и разбирлив за секој нормален човек. На пример, според објавеното, во странство живеат само околу 75.000 Македонци во услови кога во Австралија, САД, Канада… самите воруваат за неколку стотици илјади Македонци кои се резултат на неколку генерации уште од време на турското владеење на овие простори, кога Македонците започнале да заминуваат во прекуокеанските земји, а стотици илјади Македонци има и по западноевропските држави. Исто така, според објавеното 130.000 резидентни жители остануваат непопишани, а општо познат факт е дека се работи за Македонци, оценуваат од оваа партија.
И тие, како и ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека мора да има дополнителен попис со кој ќе се преброи населението реално и вистински, „а не лажно и фалсификаторски“, иако целата операција чини милиони евра.
Да е уште потрагично, од оваа партија порачаа дека одговорност за неуспешниот попис мора да има и ќе има.