Единаестгодишно дете почина во Загреб од последица на Ковид


Дете на возраст од 11 години и пет месеци почина на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ како последица на заболувањето Ковид-19, јавија хрватските медиуми.
Дете родено во 2010 година почина во петокот во раните утрински часови на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ како последица на болеста КОВИД-19, пишува Дневник.хр.
Според досегашните информации, детето немало никакви претходни заболувања, а вирусот е потврден. Точната причина за смртта дополнително ќе биде проверена со обдукција.
„Детето завчера добило висока температура, болки во грлото, главоболка и малаксаност, што е честа клиничка слика. За жал, смртта била констатирана утрово во 5 часот и 20 минути“, потврди проф. д-р. Горан Тешовиќ, раководител на Одделот за инфективни болести на децата на Клиниката „Д-р Фран Михаљевиќ“.