Еди Рама одбил да стави маска во авион, интервенирала полиција


 

Албанскиот премиер Еди Рама предизвикал инцидент во авион кога одбил да стави маска на летот на „Луфтханза“.

Како што пишува германски „Шпигел“, кога пилотот не успеал да ја реши оваа ситуација, дошла полиција.

Според сведоштвата на патниците на тој лет, инцидентот се случил на почетокот на декември минатата година, пред да полета авионот на линијата Франкфурт – Детроит.

По одбивањето на Рама да ја стави маската, персоналот во авионот го повикал пилотот, кој исто така неуспешно се обидел да го убеди албанскиот премиер. На крајот интервенирала федералната полиција која го извадила Еди Рама од авионот.

Дури откако разговарал со функционер на Федералната служба за меѓународни односи, Рама се согласил да стави маска. „Луфтханза“ потоа го распореди него и десетчлена делегација придружувана од него на следниот лет за САД.