Еди Марфи ја омажи најстарата ќерка на романтична церемонија во Беверли Хилс


САД– Најстарата ќерка Брија Марфи, која актерот ја дели со поранешната сопруга Никол, се омажила за нејзиниот свршеник, актерот Мајкл Ксавиер во саботата на Беверли Хилс, ексклузивно дознава PEOPLE.

Среќната двојка се венча на приватна попладневна церемонија пред 250 блиски пријатели и семејството. Бриа, 32-годишна уметница и актерка, и Ксавиер (36)  славеле на свадбена веселба на која биле нејзиниот татко, кој ја придружувал по патеката, и нејзината мајка Никол.

Невестинскиот фустан го дизајнираше Нета Бен Шабу, додека младоженецот носеше смокинг Knot Standard, стилизиран од Дион Латимор.

Невестата е најстарата ќерка на Еди Марфи која се појави со нејзината мајка во реалното шоу Hollywood Exes во 2014 година.

Бриа сподели фотографии од свршувачката на Инстаграм во декември, пишувајќи во описот: „Моето срце, мојот најдобар пријател, мојот засекогаш. Те сакам, секогаш“. Во другото прикачување напишала „Едвај чекам да се омажам за тебе“.

Во исто време, Ксавиер на својата страница напиша „Засекогаш љубов моја“.

Еди (61) е татко на 10 деца: Ерик, кој во неделата наполни 33 години, Брија, Кристијан, 31, Мајлс, 29, Шејн, 27, Зола, 22, Бела, 20, Ангел Ајрис, 15, Изи Уна, 6 и 3 и пол годишниот Макс Чарлс.

Еди ја опиша како „добро дете“.

„Мило ми е што луѓето можат да видат колку е таа талентирана“, им рече Еди на новинарите. „Со години знаеме колку е таа талентирана.

Тој додаде: „Навистина имав среќа со моите деца. Навистина нема лош во купот, сите се покажаа како навистина добри луѓе“.

Брија со родителите