Еден загинат во сообраќајка на патот Охрид-Кичево


Ноќеска, околу 2.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебарца, се случила сообраќајна несреќа, при што загина едно лице.

Во сударот учествувале патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од с.Ботун. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид.

Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.