Еден загинат, петмина повредени при удар на камион во руска амбасада во Техеран
Камион-мешалка за бетон удрил во ѕидот на руската амбасада во Техеран, при што едно лице загина, а петмина се повредени.
Според локалните медиуми, 36-годишниот возач ја загубил контролата врз камионот, удрил во два автомобили, а потоа во ѕидот на дипломатското претставништво. Возачот го загубил својот живот откако камионот го зафатил пожар.
Повредените се пренесени в болница и нема информации дека меѓу нив се наоѓаат службеници од руската амбасада.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на инцидентот и засега не се соопштува колкава штета е причинета. Исто така, се исклучува можноста дека несреќата е предизвикана намерно.