Еден сребрен медал и три бронзени за македонските учесници на 37. Балканска математичка олимпијада


Со еден сребрен и три бронзени медлаи се вратија македонсските натпреварували од  37-та Балканска математичка олимпијада, која виртуелно се одржа од 31 октомври до 5 ноемви во Романија со учествуво на 17 држави – 10 балкански држави учеснички, и осум гостински тимови.

Како што соопштија од Сојузот на математичари на Македонија, македонскиот тим освои вкупно 113 поени, што е најмногу во последните 11 години. а го сочинуваа учениците: Никола Спировски – 30 поени  (сребрен медал), Дамјан Давков – 23 поени  (бронзен медал), Алек Јармов – 21 поен (бронзен медал), Лука Грашкоски – 20 поени  (бронзен медал), Кристина Тасева – 12 поени  (пофалница) и Бојан Димовски – 7 поени

Водач на тимот беше Никола Велов, а заменик водач Борче Јошевски. Огромна поддршка на целокупниот тек на натпреварот беа  Илија Јовчески, Мирко Петрушевски и Ѓорѓи Маркоски.

-Горди сме што Македонија достоинствено го заокружи циклусот меѓународни математички натпревари за учебната 2019/2020 година. Сакаме да упатиме честитки до сите натпреварувачи и целиот тим за постигнатиот успех, вели проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, претседател на СММ

Новина оваа година беа организираните интензивни подготовки на екипата, реализирани од страна на водачот Никола Велов. Меѓу другото, беа организирани четири пробни натпревари со симулација на условите. Веруваме, додава тој, дека ваквиот пристап придонесе за постигнатиот одличен резултат: имено, македонската репрезентација по долги години освојува толку многу медали, признанија и вкупен број поени.

Овогодинешниот успех е надополнет, навњдуваат, и со тоа што четвртата (најпрестижна) задача на Балканијадата беше македонски предлог, во авторство на Илија Јовчески.  Еднакво задоволство ни претставува и тоа што нашиот Никола Спировски беше еден од малкумината натпреварувачи кои имаа комплетно решение на оваа задача.

Од СММ со благодарност до сите учесници, Комисијата за ММО и меѓународни натпревари, и сите што несебично помогнаа успешно да се заокружат меѓународните математички натпревари во услови на пандемија.